Директорите на македонската и на српската Агенција за цивилно воздухопловство во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство, како и подобрување на ефикасноста и ефективноста во примената на безбедносни барања утврдени од страна на договорот за ЕЗВО (Европска заедничка воздухопловна област). Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ќе ја зајакнат регионалната соработка преку заедничка употреба на експерти, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство, како и документација. Меморандумот за разбирање, исто така, ги опфаќа областите поврзани со лиценцирање, воздушни операции, пловидбеност, потрага и спасување, како и прашања поврзани со националните надзорни органи (НСА) и услугите на воздухопловната навигација (АНС).
Директорите на македонската и на српската Агенција за цивилно воздухопловство во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство, како и подобрување на ефикасноста и ефективноста во примената на безбедносни барања утврдени од страна на договорот за ЕЗВО (Европска заедничка воздухопловна област).
Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ќе ја зајакнат регионалната соработка преку заедничка употреба на експерти, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство, како и документација. Меморандумот за разбирање, исто така, ги опфаќа областите поврзани со лиценцирање, воздушни операции, пловидбеност, потрага и спасување, како и прашања поврзани со националните надзорни органи (НСА) и услугите на воздухопловната навигација (АНС).